Рет қаралды 594,571
Заумна сило води ме!
Нурни ме длабоко
во сечиј сон,
во сечиј дом.
Јас со детска невиност и моќ
ти во кома од отрови и магли.
Груба игра, немам адут
имам среќа, немам пари.
Ти си скапа
се глумиш слатка и сјајна.
Јас венец од алги, древна вода и далги.
Бол, ние сме бол
во празен станиол
и не нема
в прегратка голи,
страст што пепел ја сторив.
Те будам и гледаш
в срце ме немаш
сонот го скрши
со шамар го зема
се прашуваш сега
со јарост и тага
дали сум стварност или сум лага.
Јас сонце и месечина
и точка и цела вселена
од црна дупка светлина
твоја гордост љубена.
Заумна сило повторно
нурни ме длабоко
во сечиј сон,
во сечиј дом.
Јас со детска невиност и моќ,
ти во кома од отрови и магли.
Ти без восхит и без радост,
јас со мудрост преполн младост.
Ти без љубов, јас без пари.
Јас венец од алги древна вода и далги.
Бол, ние сме бол
и без надеж бакнежи
крадеш
нудејќи вино за крв
ти вампиру лажеш.
I do not own the copyrights for this song. This is only a fan made video.