Рет қаралды 4,415
Во моментов се одвива пописот на населението во Албанија. На последното пребројување околу 5 500 луѓе се декларираа за Македонци. Колку ќе ги има на овој попис и дали дел ќе одлучат да кажат дека се Бугари?
Дилемата ја отвора активноста на владини и невладини преставници од Бугарија во деновите пред пописот и тоа во општината каде имаше најмногу лица кои се изјаснуваа како Македонци - Пустец. Паднаа и закани до оние кои имаат бугарски државјанства - дека ако не се попишат како Бугари, ќе им бидат одземени документите