Рет қаралды 170
Време е за чудесии - Александар С. Трајковски од стихозбирката „Лирски елегии“ (2022)
♡♡♡ Глас и видео подготовка: Наталија Наумовска/Natalija Naumovska
[Забрането е секакво преземање на видеото и употреба за/во други проекти без согласност од креаторот]
⟡ Email за контакт: slusajpoezija@gmail.com
♡ Текст:
Два живота,
по пат љубовен од страсти небројни,
создаваат две души што горат,
а патот меѓу нив дефиниран со љубовта твоја
и пасијата болна кон тебе.
Ти си мелодија весела во светот на тагата,
молитва утринска во моменти на мисла тажна,
или пак стих славен во светот на поезијата.
Гледајќи го дождот надвор,
би сакал да бидам капка дождовна што тече,
и го милува телото твое во лето врело,
зрак светлина што ја осветлува луната,
каде што очите твои упорно ја зјапаат...
Би сакал да те носам,
како тајната најчувана во себе,
како првата роса утринска на ливадата зелена...
Те барам како молитва во моментите на очај,
како стариот познат рефрен,
а би те чувал како бисерот во школската бисерна,
како калинката што го носи семето свое...
Би сакал да го држам твојот топол стисок,
во мојата рака студена,
како цветовите што го носат својот мирис...
Повикај ме на тие височините твои,
со еротичините застранувања,
да ја гледаме заедно луната одблизу,
и да се вдахнам во божилакот твој,
вечно осветлувајќи ги твоите мрачни моменти
со светли пастелни бои.
Време е за превратот долго очекуван,
на сказната еднолична,
и помалку монотона.
Вечноста ни е на дофат,
но треба само да ги испружиме рацете,
за да повторно не ни се лизне. -
Ништо помалку од крај сакрален со чудесии,
не заслужува приказната наша...
Ев е света ем вечна...
»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»
⟡ Фејсбук страна/Facebook page:
/ slusajpoezija
⟡ Блог/Blog:
krajbrezje.mk/
⟡ Фејсбук страна/Facebook page 2:
/ krajbrezje
⟡ Инстаграм/Instagram:
/ krajbrezje
⟡ Твитер/Twitter:
/ krajbrezje
♡♡♡ Следете нè, тука сме благодарение на вас! ♡
♡ Кликнете subscribe за повеќе видеа!/Subscribe for more videos! ♡♡♡