Рет қаралды 218
За јазикот - Александар С. Трајковски
♡♡♡ Глас и видео подготовка: Наталија Наумовска/Natalija Naumovska
[Забрането е секакво преземање на видеото и употреба за/во други проекти без согласност од креаторот]
⟡ Email за контакт: slusajpoezija@gmail.com
♡ Текст:
Македонскиот јазик
е извор непресушлив,
на древна поезија Пелазгиска.
Рецитал театарски на сцена светска,
скровиштето на ризницата јазична,
како ендемски згрижен минерал
од каменолом гмечен,
и зраци светло од свеќникот кон патот вечен.
Од творештвото поетско на Шопов и Прличев,
Јаневски и Рацин,
и други големи славни поети,
па сè до македонистиката на Конески и Мисирков,
Пулевски и Улчар.
Да му ја воздигнеме славата до небеса,
а неговиот патрон вечно да му се слави,
оживејте го говорот,
и возгордејте се Македонци.
Домот вечен на поколенија наши,
кој низ вековите славно плови,
и само кренете го каменот драг сјаен,
ќе се пролее лирска личотија свежа,
од фантастични умовите нови,
од поети, прозаисти до македонисти.
Штитот вечен,
на нашата имотнина,
патоказот на минатото
и огледалото за предестинацијата ваша.
Нашиот македонски јазик.
»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»
⟡ Фејсбук страна/Facebook page:
/ slusajpoezija
⟡ Блог/Blog:
krajbrezje.mk/
⟡ Фејсбук страна/Facebook page 2:
/ krajbrezje
⟡ Инстаграм/Instagram:
/ krajbrezje
⟡ Твитер/Twitter:
/ krajbrezje
♡♡♡ Следете нè, тука сме благодарение на вас! ♡
♡ Кликнете subscribe за повеќе видеа!/Subscribe for more videos! ♡♡♡